
Арсенал и Челси работат на тоа да се позиционираат како главни фаворити за трансферот на Арда Гулер ако офанзивецот на Реал стане достапен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според „CaughtOffside“, Гулер е долгорочна цел на Арсенал, а и Сините во последно време имаа повеќе контакти за да го истражат неговата ситуација.
Турскиот репрезентативец е на радарот на Арсенал уште од октомври 2024 година, и би можел да биде важен додаток после нешто понеуедначена форма и на Мартин Едегард и на Еберечи Езе оваа сезона.
Во меѓувреме, и Челси сака да биде во приказната бидејќи двата клуба мислат дека Гулер летово би можел да биде достапен за сума од околу 90 до 100 милиони евра.