Дома Фудбал Пеналот на Брахим Дијаз не беше ништо: Чилеанец ја има најлошата паненка во историјата – дури и се повреди! (Видео)

Пеналот на Брахим Дијаз не беше ништо: Чилеанец ја има најлошата паненка во историјата – дури и се повреди! (Видео)

Додека се уште фудбалскиот свет се сеќава на пропуштената „паненка“ на Брахим Диас за титулата шампион на Африка, од Јужна Америка пристигна уште поневеројатно пропуштање изведено на ист начин.

Синоќа во Монтевидео продолжи натпреварувањето во серијата Рио де ла Плата, неофицијален турнир што веќе пет години се одржува како предигра за сезоната на јужноамериканскиот фудбал, каде учествуваат неколкуголеми тимови од континентот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Синоќа, екипите на домаќинот Пењарол и гостинскиот Коло Коло од Чиле завршија нерешено со 1:1, по што беа изведувани пенали.

На овој дуел не се прослави Чилеанецот, Кристијан Завала се обиде да го измами голманот со „паненка“, но на крајот само се посрамоти, а дури по ударот и се пожали на повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик бесен на судиите и фудбалерите: Сите видовте што се случи! (Видео)

Барселона доживеа пораз од Жирона со 2:1 на гостински терен во 24. коло од Ла Лига. Гостит…