Белорусинката Арина Сабаленка ја освои титулата на УС Опен во Њујорк откако во финалето ја победи Американката Џесика Пегула со 7-5, 7-5.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сабаленка, во своето второ финале во Њујорк, ја освои првата титула на Флешинг Медоус. За девојката од Минск ова е трета Гренд слем титула во кариерата, две има во последните две години во Австралија.
„Ова беше неверојатен месец за мене. Имав тежок почеток, но многу работи се променија. Конечно го освоив трофејот и си го остварив сонот. Имав неколку тешки недели“, изјави Сабаленка.