Дома Македонски спорт Мак ракомет РФМ потврди: Ракометарите добиваат премија од 20.000 евра и нов мандат за Филип Милошевски

РФМ потврди: Ракометарите добиваат премија од 20.000 евра и нов мандат за Филип Милошевски

Македонската ракометна репрезентација вчера приреди огромно изненадување и во Скопје ја победи селекцијата на светскиот шампион Данска.

Еден ден по големата победа ракометарите од федерацијата добија премија од 20.000 евра, а потврдено и дека Филип Милошевски е реизбран за генерален секретар.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Ве информираме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 12.03.2021 год. донесе Одлука за доделување парична награда во износ од 20.000 ЕУР нето (во денарска противредност) на сениорската машка ракометна репрезентација за извојуваната победа против актуелниот Светски и Олимписки Шампион, селекцијата на Данска, натпревар одигран на ден 11.03.2021 год. во рамките на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022, дополнително по објавениот конкурс за избор на Генерален Секретар, Управниот Одбор на РФМ го усвои предлогот на комисијата и на функцијата Генерален Секретар го назначи г-дин Филип Милошевски“, стои во соопштението на РФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…