Пред нешто повеќе од еден месец, Вејн Руни го замени Џон Еусте и стана тренер на Бирмингем. Иконата на Манчестер Јунајтед и англискиот фудбал го презема клубот додека беше на шестото место на табелата во Чемпионшип.
Од Руни се очекуваше да се бори за место во Премиер лигата, но еден месец подоцна Бирмингем мора да се бори за опстанок во втората англиска лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Руни кариерата како играч ја помина во Евертон, Манчестер Јунајтед, Дерби Каунти и Ди-Си Јунајтед. Најдобрите денови секако ги имаше во Јунајтед каде што стана најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација. Како тренер ги водеше исто така Дерби и Ди-Си Јунајтед.
Бирмингем му е трет клуб откако стана тренер. Стартуваше со еден освоен бод во пет натпревари и сега неговиот тим е 18-ти со дури 20 бода заостанување зад лидерот Лестер, а седум зад шестата позиција која е последна што води во битка за Премиер лигата.