Дома Фудбал Германија Румениге: Нема контакт со Ливерпул за Алкантара

Румениге: Нема контакт со Ливерпул за Алкантара

Директорот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге проговори за евентуалното заминување на Тиаго Алкантара.

Румениге призна дека Алкантара изгледа како човек кој веќе донел одлука да го напушти клубот. Тој влезе во последната година од договорот и не сака да потпише продолжување на соработката.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Медиумите тврдат дека веќе има договор со Ливерпул, но Румениге тврди дека „црвените“ воопшто не го контактирале Баерн Минхен. „Постојано читам за интересот на Ливерпул, но тие се уште не оствариле контакт со нас. Вчера имавме средба со нашите фудбалери, тој дојде до целото семејство и во нив имаше чувство на носталгија. Изгледаше како збогување, како да веќе донел одлука да замине“, изјави Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…