Eнтони Џошуа изгуби во Њујорк од Мексиканецот Енди Руиз.
На Руиз кој во борбата влезе како замена за суспендираниот Џерел Милер никој не му даваше премногу шанси против непоразениот шампион, но со храбра борба во седмата рунда тој го нокаутираше Британецот и го направи едно од најголемите изненадувања во историјата на боксот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во едно интервју тој зборуваше за детал од самиот натпревар и моментот кога сфатил дека појасот е негов.„
„Беше лудо во последните денови. Долетав од Њујорк веднаш дадов стотина интервјуа. Се уште убаво не сум се видел ниту со своето семејство. Но возбуден сум и пресреќен бидејќи ја освоив титулата“, изјави Руиз, а потоа зборуваше за самата борба.
„Од првата од третата рунда се обидував да го почуствувам неговиот ритам. Двајцата го проверувавме теренот да видиме што се случува и тоа беше како некое загревање. Мечот е во 12 рунди и имаше многу до крајот. Успеа да ме сруши во третата рунда. Тоа ми беше првиот нокаут, но успеав да стана,. Баш како што тоа ќе го направеше вистински војни. Потоа успеав јас него да го фрлам во нокдаун“.
El nuevo campeón peso pesado, Andy Ruiz, acepta reunirse con @lopezobrador_ https://t.co/NPShTXATVv pic.twitter.com/8qWw67kUrD
— Proceso (@revistaproceso) June 6, 2019
„Беше тоа изненадување. Си помислив „што се случува“. Бев изненаден бидејќи прв пат паднав на подот и не знаев што да очекувам. Се наоѓаш на подот, очите ти се затвараат се будши и сфаќаш дека си паднат. Но се чуствував добро, малку се опуштив и си помислив: Боже дај ми сил. Ентони тргна да го заврши мечот и јас го погодив со левата рака, после тој удар повеќе не беше ист“.
„Не сакаше да продолжи. Повеќе немаше ништо во себе. Доколку судијата не го прекинеше мечот ќе го нокаутирав на жесток начин. Но судијата си ја заврши работата. Но, повторно сметам дека тоа беше среќен удар“, изјави Руиз.