Антонио Рудигер (31) дефанзивецот на Реал Мадрид и германската репрезентација, е познат и како голем муслимански верник, а сега се најде во центарот на вниманието поради една негова фотографија.
Пред две недели тој објави фотографија на социјалните мрежи како честитка за Рамазан. На него тој клекнат на колена и со показалецот од десната рака покажува кон небото.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џулијан Рајхелт, познат и контроверзен германски новинар, тогаш на Твитер напиша дека гестот на Рудигер е поздрав за исламистите, познати како „Прстот на Исламската држава“, инаку терористичка креација. Тој додаде дека вака кренатиот прст е јасен знак за исламизам, односно за радикалните фанатици.
На ова реагираа Рудигер и Германскиот фудбалски сојуз. Играчот поднесе кривична пријава против Рајхелт до Државното обвинителство во Берлин за „навреда и лажно обвинение“, додека Федерацијата го пријави твитот на Рајхелт како „говор на омраза“ до истото тело.