Дома Фудбал Англија Рудигер: Мбапе не е на нивото на Меси и Азар!

Рудигер: Мбапе не е на нивото на Меси и Азар!

Германскиот репрезентативец и член на Челзи, Рудигер смета дека Меси е најдобар фудбалер на светот, а веднаш после него доаѓа Еден Азар.

Рудигер, упати и комплименти за тинејџерот Килијан Мбапе, но потенцираше дека тој се уште не е на нивото на најголемите светски ѕвезди.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Килијан Мбапе е неверојатно брз играч. За да го сопрете морате да делувате како тим, еден играч тешко може да се избори со него. Но за мене најдобар играч во светот е Лионел Меси, а веднаш зад него е Еден Азар“, изјави Рудигер.

Германецот потоа изјави дека е изненаден од одличниот старт на сезоната со Челзи.

„Искрено, изненаден сум колку добро ја започнавме сезоната, особено поради тоа што Азар и Канте ни се приклучија доцна поради обврските на Светското првенство. Импресивно стартувавме“, заклучи Рудигер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Како е да се биде доктор во фудбалски клуб во Македонија: За гледачите трае 90 минути, а за нас речиси цел ден (Видео)

Во новата епизода на „Уште еден поткаст“ гостин беше докторот по спортска медицина Димитар…