Дома Фудбал Италија Ругани: На почетокот бев шокиран, сега сум добро

Ругани: На почетокот бев шокиран, сега сум добро

Дефанзивецот на Јувентус Даниеле Ругани беше првиот играч од Серија А кој беше позитивен на коронавирусот.

Ругани истакна дека на почетокот бил шокиран, но сега се чувствува добро.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Сакам да им кажам на сите дека се чувствувам добро. Цело време не сум имал сериозни симптоми. На почетокот бев шокиран, бидејќи бев прв во Калчото. Се надевам дека луѓето ќе сфатат колку е сериозна ситуација“, изјави Ругани.

„Шокантно беше бидејќи имаше големо внимание од медиумите насочено кон мене. Во првите минути бев преплавен со пораки од блиски луѓе. Јас ќе ги пребродам овој вирус, како и сите ние заедно“, додаде дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Потврдена е казната на Дин Хаусен

Апелационата комисија на Шпанската фудбалска федерација денес ја потврди одлуката на Дисци…