Фудбалерите на Ливерпул вчера на домашен терен во најголемото дерби во англискиот фудбал го победија Манчестер Јунајтед со 3:1.
„Црвените“ така успеаа да ги израдуваат своите навивачите во натпреварот против најголемиот ривал кој оваа сезона не личи на себе. Манчестер Јунајтед тешко доаѓаше до шанса пред голот на Ливерпул, а единствениот гол го постигнаа после една грешка на Алисон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сигурно дека ваквите настапи се разочарување за секој навивач кој растел покрај овој тим и генерацијата која ја водеше Сер Алекс Фергусон. Таа денес е позната како генерација од 1999 година кога ја освоија Лигата на шампионите.
После натпреварот во центарот на вниманието се најде поранешниот фудбалер на Јунајтед, Рој Кин кој даде интересен одговор на прашањето како би поминала генерацијата 1999 против денешниот Ливерпул.
„Ние овој тим на Ливерпул би го победиле со 1:0. Зошто 1:0? Затоа што денес скоро секој од таа генерација има повеќе од 40 години“, изјави Кин.