Кристиано Роналдо со денешните погодоци доби место помеѓу најголемите.
Чекаше Роналдо се до четвртиот натпревар за да го постигне првиот гол во дресот на Јувентус во Серија А, а денес против Сасуоло кога постигна два го запиша своето име помеѓу најголемите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Португалецот со денешните погодоци стана само петтиот играч во историјата кој постигнал 400 погодоци во првите лиги во Европа.
Роналдо вкупно во Португалија, Англија, Шпанија и Италија постига 400 погодоци, пред него се само легендите на овој спорт.
Прв е Јосев Бикан со 518 голови, втор е Френц Пушкаш со 514, потоа следи Шоктот Џими Мекгрори со 410 голови, додека пред Роналдо се наоѓа Уве Зелер кој е на бројката од 406 погодоци.
Секако, очекувањата се многу брзо Роналдо да стигне до третата позиција бидејќи му недостасуваат само 11 погодоци за да ги надмине Зелер и Мекгрори.
⚽ |@Cristiano becomes the fifth player in history to score 400 league goals in European first divisions.
4️⃣ 0️⃣ 0️⃣ pic.twitter.com/UHa5ySlVak
— Juve Stats (@juvestats1897) September 16, 2018