На аеродромот во Белград, „Никола Тесла“, се појави едно момче кое држеше транспарент на кој пишуваше „Кристијано, минав 1.300 км за да го добијам твојот автограм“.
Медиумите објавија дека момчето залудно го држело транспарентот бидејќи Роналдо не реагирал на тоа, но тоа подоцна се покажа како лага.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Станува збор за Борис, кој заедно со татко му пристигнал од Полска, а во еден од хотелите во Белград го запознал најдобриот фудбалер во светот.
„Често доаѓаме во Белград, ова е наш 15. пат. Знам колку е тешко да се дојде до Роналдо, посебно сега за време на пандемијата, но успеавме“, вели Лукас, таткото на момчето.