Дома Фудбал Останато Роналдо се пофали самиот себе, но испрати и комплимент до Меси

Роналдо се пофали самиот себе, но испрати и комплимент до Меси

ronaldo

Кристиано Роналдо најмногу се сака самиот себе и тоа го покажал многу пати досега, но и не може да му се замери – човекот освои пет „Златни топки“ исто колку и неговиот најголем ривал Лионел Меси.

Каков точно однос има помеѓу нив веројатно никогаш нема да дознаеме, но ако ништо друго знаеме барем дека Португалецот има почит кон Аргентинецот.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


„Колку играчи можат да играат на највисоко ниво десет или повеќе години? Тоа сме само јас и Меси“, изјави Роналдо во интервјуто за „Франс Фудбал“.

Овие негови зборови звучат навистина силно. Посебно ако знаеме дека Роналдо не е човек кој знае да дели комплименти, посебно не кон најголемиот ривал.

Но, не би бил Роналдо тоа што е доколку не каже нешто и за самиот себе.

„Во мои години ниту еден играч не прави трансфер од еден голем клуб во друг за сто милиони евра. Ова го кажувам со огромен респект кон играчите кои одат во Кина, САД или Индија да ја завршат кариерата“, порача Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Станишиќ во Баерн до 2029

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Јосип Станишиќ, ја продолжи верноста со клубот. Станишиќ беш…