Дома Видео Роналдо се огласи на Инстаграм откако го постигна 700. погодок во кариерата

Роналдо се огласи на Инстаграм откако го постигна 700. погодок во кариерата

Фудбалерите на Португалија синоќа беа поразени во гости против Украина со 2:1, а натпреварот беше во центарот на вниманието поради Роналдо.

Роналдо во финишот на натпреварот успеа да го ублажи поразот на својата репрезентација кога постигна гол од пенал. За него ова беше голем јубилеј бидејќи тоа беше негов 700. погодок во кариерата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Португалецот се огласи на социјалните мрежи со интересно видео во чест на големото достигнување.

„Горд сум што го постигнав 700. погодок во кариерата и сакам тоа да го споделам со сите што ми помогнаа да дојдам до тоа. Денеска не го добивме резултатот кој го посакувавме, но заедно ќе се избориме за пласман на ЕП.“ – порача Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Јувентус сонува за Тонали

Полузащитникот на Њукасл, Сандро Тонали, останува посакувана засилување за Јувентус во зим…