Дома Фудбал Репрезентации Роналдо самоуверен: Можеме да го освоиме Купот на Конфедерации

Роналдо самоуверен: Можеме да го освоиме Купот на Конфедерации

Кристиано Роналдо беше задоволен откако со репрезентацијата на Португалија обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Конфедерации.

Актуелниот европски шампион немаше премногу проблеми во последниот натпревар од групната фаза во кој играа против Нов Зеланд и славеа со 4:0.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Роналдо кој го постигна првиот гол на овој натпревар после натпреварот изјави:

„Игравме добро, ја посаквувавме победата и на полувремето имаве добар резултат. Сепак поради лошиот терен не можевме да го покажеме нашиот полн потенцијал. Во полуфиналето можеме да играме против Чиле или Германија кои се одлични репрезентации, но ние сме самоуверени и можеме да ја освоиме титулата“, изјави Роналдо.

Покрај Роналдо против Нов Зеланд во листата на стрелци се запишаа Бернардо Силва, Андреа Силва и Нани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ретки се оние кои ја одбиваат понудата од Баерн Минхен, а овој играч токму тоа го направи

Летниот трансфер период заврши во речиси сите европски лиги, а сега Фабрицио Романо носи в…