Португалецот Кристијано Роналдо и покрај тоа што е блиску до 40-тата година и понатаму е активен на фудбалските терени во дресот на Ал Наср.
Во својата последна изјава за медиумите Роналдо зборуваше за неговите планови за крај на кариерата и како што вели веројатно ќе се пензионира во дресот на Ал Наср за две до три години.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Новинарите ги интересираше и дали би работел во иднина како тренер, но Португалецот себеси не се гледа во таква улога.
„Не размислувам, но не се гледам себеси како тренер. Повеќе се гледам во работа надвор од фудбалот“, изјави Роналдо.
Потврди Португалецот и дека и понатаму ќе биде дел од репрезентацијата на Португалија.