Дома Фудбал Репрезентации Роналдо по големиот јубилеј: Играњето во Саудиска Арабија не влијае, луѓето не знаат колку е силна таа лига

Роналдо по големиот јубилеј: Играњето во Саудиска Арабија не влијае, луѓето не знаат колку е силна таа лига

Кристијано Роналдо вчера го одигра својот 200-ти натпревар за Португалија и стана единствениот фудбалер со 200 настапи за националниот тим.

Во својата јубилејна вечер во која доби и плакета за Гинисов рекорд, Португалецот се запиша и во листата на стрелци во 89-тата минута. Тоа беше негов 122. гол за репрезентацијата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Тоа што играм во Саудиска Арабија не влијае на мојот статус во репрезентацијата. На крајот на краиштата, гледате дека сум тука. Луѓето не знаат колку е квалитетна лигата во таа земја. Доказ за тоа е што многу европски фудбалери тргнаа по моите стапки, верувам дека ќе бидат уште повеќе наскоро“.

„Очекувам уште долго да играм во репрезентацијата. Се чувствувам способен, мислам дека можам да му помогнам на тимот. Можете да го прашате и селекторот кој има доверба во мене, а мое е да му вратам со нови голови за тимот. Сигурен сум дека ќе бидат уште многу“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Изјавата на Пеп не била шега: Халанд објави фотографија и докажа! (Фото)

Најголемата ѕвезда во англиската Премиер лига и непогрешливиот напаѓач на Манчестер Сити, …