Дома Фудбал Останато Роналдо не е во овој клуб – Ова се 10. најскапи фудбалери во светот

Роналдо не е во овој клуб – Ова се 10. најскапи фудбалери во светот

Меѓународниот центар за спортски истражуања (CIES) ја објави листата на највредни играчи во светот, а на врвот е Нејмар.

CIES даде своја проценка за играчите врз основа на нивната пазарна вредност и Нејмар со 210.7 милиони евра е убедливо на првото место и изгледа дека никој во моментов не може да го купи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Следува Деле Али од Тотенхем кој се проценува на 155.1 милион евра, потоа неговиот соиграч Хари Кејн со 153.6 милиони евра, а дури потоа на листата дојде Лионел Меси со 151.7 милион евра.

Во првите 10 понатаму се наоѓаат Антоан Гризман (150.3), Луиз Суарез (140.8), Пол Погба (134.3), Игуаин (120.2), Еден Азар (117.2) и Паоло Диабала (115,3). Интересно е тоа што Кристиано Роналдо се наоѓа на 11 место и неговата вредност се проценува на 75.7 милиони.

До резултатите во CIES дојдоа сметајќи на годините, позициите, договорите, меѓународните статуси, искуството и настапите на играчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гуехи заврши во Сити, Ливерпул најде нова мета – еден од најдобрите дефанзивци во светот!

Заминувањето на Марк Геји, кој се согласи да се приклучи на Манчестер Сити овој јануари, о…