Дома Фудбал Италија Роналдо направи нешто за прв пат во кариерата, Јувентус го разби Сасуоло (ВИДЕО)

Роналдо направи нешто за прв пат во кариерата, Јувентус го разби Сасуоло (ВИДЕО)

Тимот на Јувентус после ремито против Парма од 3:3 денес славеше победа против Сасуоло со резултат 0:3.

Натпреварот за Јувентус не започна добро. Уште во третата минута Сасуоло можеше да стигне до предност. Џуричиќ излезе еден на еден со Шчесни кој според многумина направи прекршок за пенал, но главниот судија на натпреварот после консултацијата со ВАР не покажа на белата точка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


До водство клубот од Торино стигна во 23-тата минута. Шутот на Роналдо го одбрани Консиљи, но вистинско место се најде Сами Кедира кој погодува за 0:1.

Во првиот дел видовме уште шанси, меѓутоа нов погодок во првите 45 минути не видовме.

До 0:2 Јувентус стигна во 70-тата минута Мирлем Пјаниќ одлично нафрли, а Роналдо со глава ја смести топката во мрежата. Со овој погодок Ронало за прв пат во кариерата постигна погодок на девет гостински натпревари во низа.

Точка на натпреварот стави Емре Чан во 86-тата минута кога погоди после асистенцијата од Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Девојката на Винисиус поради крема од гинеколог се тресела од страв Бразилецот да не падне на допинг!

Вирџинија Фонсека, девојката на Винисиус, дел од тимот на Реал Мадрид, ја сподели својата …