Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Роналдо на себе во осминафиналето носел уред кој не смеел да го има – може да биде казнет!

Роналдо на себе во осминафиналето носел уред кој не смеел да го има – може да биде казнет!

Кристијано Роналдо moжеше да биде трагичар за Португалија во осминафиналето на Европското првенство бидејќи промаши пенал во судиското продолжение, но „европските Бразилци“ сепак благодарение на одличниот Диого Алвеш во пенал серијата ја елиминираа Словенија.

По натпреварот во јавноста беа објавени информации за отчукувањата на срцето на Роналдо додека го изведуваше пеналот во пенал серијата, а кога го изведе, технологијата покажа дека пулсот му е само 100 отчукувања во минута.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


За ваквата информација одговорна е компанијата „The Overlap“ чиј уред го носел Роналдо за време на натпреварот, а тоа може да му направи проблем на Португалецот бидејќи споменатата компанија јавно се пофали со собраните податоци.

Имено, Роналдо сега е обвинет за „маркетинг од заседа“ или „рекламирање од заседа“, а УЕФА би можела да го казни. Во минатото сведоци сме биле како фудбалери добивале одредени казни за вакви ситуации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…