Во чест на Кристиано Роналдо и освојувањето на „Златната топка“, Реал Мадрид ги повика некои од постарите легенди на клубот меѓу кои Луис Фиго, Мајкл Овен и Роналдо (Феномено).
Мајкл Овен потоа се пошегува на сметка на Феноменот и практично го нарече дебел
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислев дека јас добивам вишок килограми, но тогаш го видов мојот стар пријател Роналдо“, напиша Овен на Твитер.
Социјалните мрежи не ја прифатија шегата баш најдобро и почнаа критики на сметка на Овен, па на крајот се уклучи и самиот Роналдо.
„Шокиран сум која важност во светот во кој живееме добива мојата тежина. Да бидам искрен, не знам зошто е тоа важно“, одговори Феноменот.