На Пирло на почетокот од неговата епизода во Јувентус не му оди најдобро, тој е тренерот со најслаб учинок после првите шест натпревари на клупата на „старата дама“ уште од 2010 година (повеќе за ова тука).
Поради тоа веќе во италијанските медиуми се шпекулира за зимскиот преоден рок. Според дел од италијанските медиуми, Роналдо имал свој предлог за засилување – Анхел Ди Марија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ди Марија влегува во последната година од договорот со ПСЖ и до овој момент нема најави дека истиот би бил продолжен, па поради тоа сигирно не би бил скап.
Роналдо четири години играше со Ди Марија во Реал Мадрид и сигурно дека добро ги познава квалитетите на Аргентинецот. Останува да се види каква ќе биде иднината на Ди Марија, а доколку не пронајде заеднички јазик со клубот од Париз тогаш Јувентус може да биде опција.
Во последниот преоден рок Ди Марија се поврзуваше со Интер, но тие преговори на крајот пропаднаа.