Андреа Пирло се соочува со притисок на клупата на Јувентус.
Јувентус играше лошо во дербито против Барселона во Лигата на шампионите, а не блеска ниту во Серија А. Имено, Пирло го има најлошиот старт на клупата на Јувентус откако на чело на клубот е Андреа Ањели.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Андреа Ањели го превзема Јувентус во 2010 година и оттогаш ниту еден тренер немал послаб старт од Пирло.
Во првите шест натпревари Јувентус со Пирло има само две победи, три реми и еден пораз. Забележителна е и слабата ефикасност, во овие натпревари фудбалерите на „старата дама“ постигнаа девет гола, примија четири.
Подобар старт од Пирло има и Луиџи Дел Нери, четири победи, едно реми и еден пораз. Антонио Конте имаше биланс од три победи и три реми. Најдобар е Масимилијано Алегри со ефект од шест победи во првите шест меча, Сари стартуваше со четири победи и две реми.
La partenza degli allenatori della #Juventus sotto la presidenza di Andrea #Agnelli (#LaStampa) pic.twitter.com/dgkkX3jRGJ
— Giovanni Capuano (@capuanogio) October 30, 2020