Дома Фудбал Англија Роналдо му поставил услов на Јунајтед, спремен да замине

Роналдо му поставил услов на Јунајтед, спремен да замине

Кристиано Роналдо ќе го напушти Манчестер Јунајтед доколку не биде исполнет еден важен услов, пренесува „Сан“.

Роналдо не е задоволен од резултатите на Манчестер Јунајтед, најавил дека е можно да замине ако клубот не избори пласман во Лигата на шампионите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Португалецот неодамна изјави дека не е дојден на „Олд Трафорд“ за да се бори за шесто место, па одлуката им ја соопштил на клупските челници.

„Сан“ тврди дека покрај тоа што Португалецот бара да биде консултиран при изборот на новиот тренер на Јунајтед, поставил и нов услов, а тоа е сигурен пласман во Лигата на шампиони.

Роналдо има 37 години и сака да игра во клуб кој ќе му гарантира настап во најелитното натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во…