Главна тема во целиот свет е евентуалниот трансфер на Кристиано Роналдо во Јувентус, а Португалецот почна да и носи приход на „старата дама“ уште пред да го облече црно-белиот дрес.
Фудбалската суперѕвезда сè уште официјално не е фудбалер на Јувентус, но шпекулациите придонесоа вредноста на акциите на клубот на берзата на пораснат за 10%. Се очекува откако ќе биде комплетиран трансферот вредноста на клубот да порасне до 20%.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Специјализираната фудбалска интернет страница „Фудбал и финансии“ пресмета дека Јувентус на некој начин веше заработил 160 милиони евра со порастот на вредноста на акциите на берзата.
„Очекуваме акциите на Јувентус да одат нагоре, бидејќи ќе се зголеми вниманието кон клубот и трансферот на Роналдо ќе придонесе за вредноста. Тоа ќе значи и поголем бизнис за Јуве преку своите производи“, изјавија од берзата во Италија.
Италијанскиот шампион е спремен да плати обештетување од 100 милиони евра, а на Роналдо му понуди четиригодишен договор вреден 120 милиони евра.