Дома Фудбал Лига на шампиони Роналдо: Лигата на шампионите е натпреварување на Реал Мадрид

Роналдо: Лигата на шампионите е натпреварување на Реал Мадрид

ronaldo

Oфицијално најдобриот фудбалер во светот Кристиано Роналдо ги предупреди ривалите ширум Европа дека Лигата на шампионите е натпреварување во кое доминираат „кралевите“.

Реал Мадрид е единствениот клуб кој ја одбранил титулата во Лигата на шампионите од кога на сила е новиот формат, походот по „хет-трик“ го започна со рутинска победа над Апоел од 3:0.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Тоа беше натпревар во кој моравме да победиме. Игравме на свој терен и сакаваме да го имаме најдобриот старт во Лигата на шампионите. Можевме да постигнеме уште некој гол, но на крајот успеавме да стигнеме до добар резултат. Задоволен сум од тоа како изгледаше“, изјави Роналдо по натпреварот.

Потоа Роналдо зборуваше за очекувањата од новата сезона.

„Секако дека нашата цел е да го освоиме трофејот. Лигата на шампионите е натпреварување на Реал Мадрид и сакаме да бидеме повторно најдобри, но пред нас е долг пат“, истакна Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…