Блиску бевме да видиме денес големо изненадување на Европското првенство и тоа во групата на смртаа, но Унгарците попуштија во финишот против Португалија.
Будимпешта е единствениот град на Европсктотп првенство каде што е дозволено 100% присуство на публика, а тоа очигледно даде голем мотив на Унгарците во дуелот со европскиот шампион. По првите 45 минути не видовме погодоци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо можеше да го отвори резултатот, но имаше едно огромно промашување кога од пет метри го префрли голот. Унгарците успеаа и први да ја погодат мрежата на Португалија меѓутоа голот беше оправдано поништен поради офсајд.
Отпорот на домаќинот беше скршен во 84. Минута кога Гуреиро погоди за 0:1, а тој гол изгледа ттално ги демотивира храбрите Унгарци. Три минути подоцна Роналдо од пенал зголеми на 0:2, за во судиското продолжување да ги постави конечните 0:3.
Tреба да се напомене дека Роналдо со овие два гола стана најдобриот стрелец во историјата на Европските првенства.