Кристијано Роналдо нема намера да се повлече и да ја заврши кариерата, Португалецот според последните информации е во напредни преговори за продолжување на соработката.
Најавите се дека ќе потпише нов договор до летото 2027 година и на 42 години би требало да се повлече од фудбалот, во овој момент Роналдо има 38 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно е што пред неколку дена Роналдо во едно интервју истакна дека жали што порано не направил трансфер во Саудиска Арабија бидејќи се чувствува одлично.
Освен за новиот договор, медиумите во Португалија пишуваат и за планот на Роналдо по завршувањето со фудбалот. Наводно негова желба е откако ќе ја заврши кариерата целосно да се повлече од јавноста и да живее на некој од своите имоти ширум светот.