Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо денес беше прогласен за најдобар фудбалер во 2019 година според Глоуб Сокер Авордс“, церемонија која се одржа во Дубаи.
Роналдо ја добива наградата за своите 40 гола кои ги постигна за Јувентус по доаѓањето од Реал Мадрид и освоеното скудето минатата сезона, како и предводењето на Португалија до титула од Лигата на нации на УЕФА.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За најдобра фудбалерка во 2019 година во светот во Дубаи, наградата ја доби Луси Бронз која настапува за Лион и репрезентацијата на Англија, додека за најдобар тренер е прогласен Јирген Клоп од Ливерпул.
Признанија добиле и Миралем Пјаниќ за својата успешна кариера, Жорге Мендеш како најуспешен агент и Андреа Берта од Атлетико Мадрид за најдобар спортски директор.
??? CRISTIANO RONALDO crowned BEST MEN'S PLAYER OF THE YEAR at the 2019 Dubai Globe Soccer Awards@Cristiano #cristiano #juventus #cr7 #portugal @selecaoportugal @juventusfc @DubaiSC pic.twitter.com/LLMHmLyWYN
— Globe Soccer Awards (@Globe_Soccer) December 29, 2019