Бројките не се на негова страна и нешто очигледно ќе мора да промени.
Пристигна Кристиано Роналдо пред околу година и нешто повеќе во редовите на Јувентус како огромно засилување. За „старата дама“ плати повеќе од 100 милиони евра и Португалецот доби договор тежок 31 милион евра по сезона.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Во првата сезона во Серија А остави добар впечаток, постигна 28 голови на 43 настапи, но според еден параметар е помеѓу најлошите во Италија.
Имено, Кристиано Роналдо е втор најлош изведувач на слободни удари во Серија А.
Тој не ја погодил мрежата на ривалот од 18 слободни удари во низа, а кога на овие слободни удари ќе се додаде и Лигата на шампионите доаѓаме до бројка од 24 промашени слободни удари во низа.
Роналдо 15 пати го погодувал живиот ѕид, два пати го промашил голот и седум пати голманите ги бранеле неговите удари.
Полош од Роналдо во Италија е само Камил Кјан кој минатата сезона играше во Фросиноне.