Eнтони Џошуа со нокаут во втората рунда го победи Камерунецот Франсис Нгану во боксерскиот спектакл во Саудиска Арабија.
Џошуа дури трипат во пет минути го рушеше противникот на подот. Двојниот светски шампион во тешка категорија полесно од очекуваното дојде до нов триумф и скор од 28:3 во кариерата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Борбата во Ријад привлече многу познати имиња од светот на спортот, а заеднички ја следеа и Жозе Мурињо и Бразилецот Роналдо.
На снимката на која се гледаат двајцата во преносот може да се види како му аплаудираат на Џошуа за победата.