Кристиано Роналдо наводно смета дека во прашање е одмазда…
Роналдо денес ќе биде на теренот против Фросиноне, се претпоставува дека ќе направи се за да ја продолжи голгетерската серија после погодоците против Сасуола, но се уште се пишува и за неговото исклучување против Валенсија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Марка“ повикувајќи се на извори блиски на Португалецот тврди дека Роналдо е убеден во завера, односно одмазда на УЕФА поради тоа што одби да присуствува на прогласувањето за најдобар играч во Европа, награда која ја освои Лука Модриќ, иако Роналдо постигна 15 голови во Лигата на шампионите.
Исто така неговиот менаџер, Мендеш смета дека ова е и дел од „казната“ за заминувањњто од Реал и дека вакви работи не би му се случувале доколку се уште го носеше дресот на Реал.
Сега останува да се почека казната, клубот ќе направи се што е во негова моќ за таа да изнесува само еден натпревар, оној против Јанг Бојс. Но според истите извори Роналдо верува дека УЕФА има намера дополнително да го повреди и да го спречи да се врати на „Олд Трафорд“, односно да биде суспендиран и за гостувањето против Јунајтед.