Кристиано Роналдо се наоѓа пред можна тужба од САД поради влијание во промоцијата на најголемата берза на криптовалути во светот.
„Би-Би-Си“ пишува дека лицата кои го обвинуваат Роналдо, ќе бараат отштета од милијарда долари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во ноември 2022 година, „Бајненс“ ја најави својата прва КР7 колекција на „незаменливи токени“ во партнерство со Роналдо.
Познатиот португалски фудбалер во видео-снимката кажа дека за потенцијалните инвеститори тоа ќе биде „награда од навиавчите за поддршката која му ја даваат со години“.
Тужителите тврдат дека со појавувањето на Роналдо довело до зголемување за интересот на „Бајненс“ до 500 отсто. Засега уште не се знае колку пари заработил Роналдо од ова рекламирање, а такво нешто предвидуваат американските закони.