Кристиано Роналдо порача дека неговата кариера ќе ја заврши во Спортинг каде и што започна.
Роналдо има намера да одигра барем една сезона за клубот од каде како тинејџер премина во Манчестер Јунајтед, а потоа во 2009 година го купи Реал Мадрид во најскап трансфер до тој момент. Од 2018 година Роналдо го носи дресот на Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе се пензионирам во Спортинг, дефинитивно тоа е нешто го сакам. Им должам барем една сезона. Ситурно нема да се пензионрам во Јунајтед или Реал Мадрид…Спортинг е клубот кој виде нешто во мене кога никој не гледаше. Во Јунајтед достигнав едно ниво, додека во Реал се развив како комплетен играч. Ги сакам сите мои поранешни клубови за се што направија за мене. Меѓутоа, да не беше Спортинг веројатно ќе работев во Мекдоналдс“, изјави Роналдо.