Кристиано Роналдо многумина го сметаат за арогантна ѕвезда, но многу пати тој ни покажал дека во суштина не таков.
На теренот можеби често пати покажува таков став, но надвор од него е сосема друг човек кој посветува внимание на оние на кои им треба помош.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
За неговиот последен потег сигурно долго ќе се зборува. Роналдо го запре автобусот со кој патуваше селекцијата на Португалија на утрешното финале од Лигата на Нации за да се фотографира со болно момче.
Секако, ова беше поздравено со огромни овации. Момчето доби спомен кој ќе го памети целиот свој живот, а Роналдо уште еднаш покажа за каква големина од човек станува збор.