Кристиано Роналдо го доби судискиот спор против неговиот поранешен клуб Јувентус за неисплатени плати и сега „старата дама“ ќе мора да му исплати 19,5 милиони евра.
Поради корона пандемијата која започна пролетта 2020 година, Јувентус имаше финансиски проблеми и постигна договор со своите играчи да им плаќа само дел од платата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според договорот требало по одредено време, кога работите ќе се стабилизираат клубот да им го исплати остатокот од платата.
Роналдо се согласил на тоа, но Јувентус потоа не им го исплатил остатокот од платата. Поради тоа Португалецот отвори судска постапка, која денес заврши во негова полза.
Судот пресуди Јувентус да му исплати на Роналдо 19,5 милиони евра.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Cristiano Ronaldo has won his legal battle with Juventus over his wage dispute.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 17, 2024
Juventus will have to pay the €19.5M they owe him.
(Source: @tancredipalmeri) pic.twitter.com/oPM5Oglg8Y