Дома Фудбал Останато Роналдо бил главен виновник за отказот на Руди Гарсија!

Роналдо бил главен виновник за отказот на Руди Гарсија!

Кристијано Роналдо повторно е вмешан во една очекувана ситуација од него во последните години. Имено, „Марка“ пишува дека Португалецот бил главен виновник за отказот на Руди Гарсија на клупата на Ал Наср.

Ал Наср соопшти дека отказот за Гарсија бил поради тоа што тој ја изгубил контролата над соблекувалната. „Марка“ тврди дека по натпреварот со Ал Фехја каде што игра македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски дошло расправија помеѓу Роналдо и Гарсија. Тој натпревар заврши без голови 0:0.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Роналдо не бил задоволен од лошиот резултат, лошата форма и слабиот напредок на тимот. Управата застанал зад Роналдо и наводно двете страни одржале состанок.

На текстот на „Марка“ се надоврзува „АС“ кој објави дека Роналдо активно учествува во потрагата по нов тренер. Во медиумите се споменуваше името на Жозе Мурињо, меѓутоа засега нема ништо потврдено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aлегри може да добие големо засилување: Милан тргнува по напаѓачот на Арсенал!

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус, е едно од имињата што се поврзуваат со потенцијално т…