Шпанските медиуми пренесуваат дека Кристиано Роналдо е многу нервозен поради фактот што не е најплатен фудбалер на светот. Моментално пред него се Лео Меси и Нејмар.
Португалецот во повреќе наврати бараше од раководството подобрување на договорот, меѓутоа од тоа се уште нема ништо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми тврадат дека Роналдо на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид и ќе се пресели во клуб кој ќе го направи најплатен фудбалер на светот.
Меси според новиот договор ќе заработува помеѓу 45 и 50 милиони евра годишно, додека Роналдо во Реал заработува „скромни“ 21 милион евра.
До сега раководството на „кралевите“ имаше алиби дека „Меси се уште нема потпишано“, но сега немаат никакво оправдување.
Роналдо по завршување на сеозната најверојатно ќе се прости од дресот на Реал и ќе потпише за Пари Сент Жермен, каде ќе стане најплатен фудбалер на светот.
„Светците“ се спремни на таков чекор, тие планираат да се ослободат од некои фудбалери како Дрекслер, Ди Марија, Пасторе… и да му понудат годишна плата од 50 милиони евра на Португалецот.