Дома Фудбал Останато Роналдињо после 32 дена го напуштил затворот во Парагвај!

Роналдињо после 32 дена го напуштил затворот во Парагвај!

Роналдињо и неговиот брат денес се ослободени од притворот во Парагвај, но ќе останат во домашен пртивор.

Ќе потсетиме Роналдињо беше уапсен на почетокот на март откако се обидел да влезе со лажен пасош во земјата. Често се појавуваа фотографии и снимки од затоворот, последната снимка се појави токму вчера. Стануваше збор за видео во кое Рони ни го претстави неговиот цимер и изгледа тоа било поздрав за него затоа што веќе денес славниот бразилски фудбалер е ослободен.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


После 32 дена поминати во притвор судијата Густаво Амарила одлучи дека двајцата можат да го чекаат судењето во домашен притвор. Се очекува Роналдињо и  неговиот брат да бидат сместени во хотел во Асунсион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Незапамтена чистка во Реал – Шестмина заминуваат, но една разделба најмногу ги боли навивачите!

Реал Мадрид сè уште е во игра за трофеи, но сезоната е многу исцрпувачка. Кралевите ќе се …