„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Рома сака да го раскине договорот со Џеко на крајот на сезоната.
Џеко има договор со римскиот клуб до 2022 година, но најверојатно двете страни спогодбено ќе ја раскинат соработката.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наводно, спортскиот директор на Римјаните, Тиаго Пинто, веќе е во потрага по нов напаѓач, кој заедно со Мајорал ќе го предводи нападот на Рома следната сезона.
Прв на списокот со желби е напаѓачот Торино, Андреа Белоти и Рома веќе стапила во контакт со неговиот менаџер.
Римјаните прво треба да се договорат со Џеко за прекинување на соработката, бидејќи Босанецот годишно заработува 7,5 милиони евра.