Дома Фудбал Италија Рома со нов договор го наградува својот „бисер“

Рома со нов договор го наградува својот „бисер“

Николо Заниоло ова лето пристигна во Рома како дел од трансферот на Наинголан во Интер и во моментов е најпријатното изненадување во Серија А.

„Волчицата“ му даде шанса на 19-годишниот плејмејкер да го покаже својот тален и тој буквално „експлодира“, па заработи и повик во репрезентацијата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Јасно е дека Интер направи голема грешка што го пушти Заниоло, но Рома не сака да ја повтори истата грешка и спрема нов договор за тинејџерот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома спремила нов договор за Заниило до 2024 година според кој ќе заработува 1,2 милиони евра по сезона.

Рома сака со новиот договор да го „блиндира“ младиот Италијанец од нападите на европските гиганти, пред се на Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Од отпишаните до нов договор: Керик ја промени судбината на еден од фудбалерите

Тренерот на Манчестер Јунајтед Мајкл Керик изјави дека фудбалерот Коби Мејну е блиску до п…