Крис Смолинг ова лето пристигна на „Олимпико“ како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед и со своите настапи ги воодушеви сите.
Рома сака да го откупи неговиот договор и веќе започна преговори со Манчестер Јунајтед, но „волчицата“ не успева да најде заеднички јазик околу обештетувањето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таквата ситуација сакаат да ја искористат Интер и Јувентус кои се спремни да го „украдат“ Смолинг пред носот на Рома.
Манчестер Јунајтед не отстапува од бараните 20 милиони евра, кои Рома не е спремна да го даде поради лошата финанииска ситуација.
„Волчицата“ понудила уште една година позајмица со задолжителен откуп следнато лето за 18 милиони евра, но Јунајтед ексресно ја одбил понудата.
Смолинг сака да остане во Италија, негов приоритет е Рома, но доколку „волчицата“ не постигне договор спремен е да се пресели во Милано или Торино.