Mинатата година екипата на Рома ја освои Конференциската лига со победа во финалето против Фејенорд од 1:0.
Меѓутоа не изгледаше дека тимот на Мурињо ќе дојде до трофејот кога Бодо/Глимт во групната фаза ги победи со неверојатни 6:1. Блескаше тогаш Ола Солбакен кој постигна два гола и така експресно доби место на скаут листата на Рома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега, нешто помалку од една година од тој натпревар Солбакен има договорен трансфер! 24-годишниот крилен играч ќе ја засили Рома во јануари како слободен играч. Норвежанецот ќе добие договор до 2027 година според кој ќе заработува милион евра годишно.
Мурињо инсистираше да го доведе овој фудбалер и од јануари подобро ќе се запознае со квалитетите на Норвежанецот.