Дома Останати Ролан Гарос ќе се игра во септември!

Ролан Гарос ќе се игра во септември!

Вториот годинашен гран-слем турнир, француското отворено првенство „Ролан Гарос“ е одложен за септември поради пандемијата од коронавирусот.

„Ролан Гарос“ требаше да се одржи од 24 мај до 7 јуни, но ќе се игра помеѓу 20 септември и 4 октомври поради пандемијата на коронавирусот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тоа значи дека турнирот ќе почне само една недела по завршувањето на гран-слемот САД опен во Њујорк, доколку и тој не биде преместен.

Француската тениска федерација соопшти дека овој потег е направен „за да се гарантираат здравјето и безбедноста на сите што се вклучени во подготовките на турнирот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Не е само Мајами: Ѓоковиќ откажа настап на уште еден голем турнир

Не само Мајами, туку и Монте Карло. Организаторите на првиот мастерс турнир на земјената п…