Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер сити, Родри беше прогласен за најдобар фудбалер во светот на овогодинешната церемонија за „Златната топка“.
Бурни реакции во јавноста предизвика потегот на неговиот најблизок конкурент Винисиус Жуниор кој со својот клуб не се појави во Париз. Родри важи за скромен фудбалер кој не сака да се истакнува, но по доделувањето на престижната награда се појави снимка со која испрати мала провокација кон Бразилецот.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Родри во еден момент додека во позадина одеше хитот „Bella Ciao“ ги замени зборовите и го изговараше името на Винисиус.
Сега за првпат јавно ја коментираше таа снимка.
„Луѓе, морате да сфатите дека тоа е здраво ривалство. Беше тоа приватна забава. Како да ставиме камери кај секој од нас дома…Не покажав непочитување, туку само ривалство. Го почитувам Винисиус“, изјави Родри.
🔥 ¡RODRI SE ACUERDA DE VINICIUS celebrando el BALÓN DE ORO!
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) October 29, 2024
👀 El Manchester City sube… y borra un vídeo del mediocentro festejando su galardón.
‼️ '¡Vini ciao, Vini ciao, ciao, ciao!' pic.twitter.com/HOjd86eQ9K