Семејството на трагичнозагинатиот Хозе Антонио Рејес се уште не може да се опорави од големата загуба.
Родителите на Рејес кој го загуби животот пред четири месеци зборуваа за шпанските медиуми и признаа дека им е премногу тешко да живеат со помислата дека Рејес повеќе го нема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога ќе останеме сами само плачеме. Воопшто не разговараме дома бидејќи ако нешто кажеме, тоа ќе не расплаче сите. Знаевме дека ќе биде тешко, но не волку. Мојата сопруга само се преместува од кревет на кауч“.
„Би сакале да пронајдеме сила за носење со ова, меѓутоа не знаеме каде и како. Не се осудуваме да зборуваме меѓусебно бидејќи тогаш веднаш размислуваме како знаевме да зборуваме кога Хозе Антонио беше жив. Наите животи повеќе немаат смисла“, изјави таткото на Рејес четири месеци по трагедијата.