Дома Фудбал Останато Робен се врати од повреда, па на натпревар пристигна со велосипед ?

Робен се врати од повреда, па на натпревар пристигна со велосипед ?

Aрјен Робен оваа сезона се врати на играњето фудбал откако се пензионираше во 2019 година. Робен издржа во пензија една година па се врати да игра за неговиот матичен клуб Гронинген.

Со оглед на се што постигна во кариерата Робен веднаш ја доби 10-ката и капитенската лента, меѓутоа проблеми му направи повредата па за во оваа сезона одигра само 44 минути.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Вчера настапи по втор пат и одигра 14 минути кога влезе на местото на Лундоквист, во натпреварот против Утрехт кој заврши 0:0. Она со што овој пат Робен го привлече вниманието е неговото пристигнување на натпреварот.

На оваа средба Робен пристигна со – велосипед!

Иако сигурно заработи многу со играњето за ПСВ, Челзи, Реал Мадрид и Баерн славниот фудбалер воодушеви со неговата скромност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…