Изминатата вечер на официјалната Фејсбук страна на Алжирецот Ријад Марез се појави шокантен статус.
Неговите следбеници на оваа друштвена мрежа сигурно останаа во шок кога ја читаа прошталната порака во која помеѓу другото Марез наведува дека поради здравствени проблеми е приморан да стави крај на кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сето ова е помалку конфузно бидејќи зад себе Алжирецот има одлична сезона, па многумина оваа порака ја примаат со голема доза на резерва.
„После консултација со многу лекари одлучив да се простам од фудбалот. И бидејќи мојата ера во фудбалот завршува сакам да кажам неколку зборови“.
„Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме подржуваа во овој неверојатен град. Секогаш ќе останете во моето срце“, пишува во статусот на Марез.