Франк Рибери доби жестока порака од страна на навивачите на Фиорентина откако на друштвените мрежи се пожали дека му е ограбен станот.
Рибери се жалеше на сигурноста во Фиренца.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„После победата против Парма се вратив дома. „Дома“ во Италија каде што се решив да ја продолжам кариерата по годините во Минхен. Еве што најдов. Мојата сопруга остана без чанти и накит, сепак за среќа најважните работи се тука. Шокиран сум и не можам да го прифатам ова. Не трчам по милиони и фала му на Бога не ми недостига ништо и понатаму можам да трчам по топката. Топката е мојата пасија, но пасија или не моето семејство е на прво место и ќе ја донесеме најдобрата одлука за нас како семејство“.
??♂️ pic.twitter.com/29slQ0P7DM
— Franck Ribéry (@FranckRibery) July 6, 2020
Група навивачи на Фиорентина му одговори на францускиот фудбалер и беа прилично остри.
„Драг Франк, разбираме дека си во шок, но прво испери си ја устата пред да кажеше такво нешто за Фиренца. Не е ова Меделин. Богатите луѓе се мета на крадци секаде во светот, а ти си доволно богат да си дозволиш алармен систем и приватно осигурување. Не ограбуваат и нас сиромашните па сме тивки и го поднесуваме тоа“, соопшти навивачката група.